Костадинов: Нека продолжи ВМРО-ДПМНЕ да блокира, бојкотот уште долго време ќе ги држи во белата палата

од Берта Китинска
207 прегледи

Навистина и мене, но и граѓаните би не изненадило ако ВМРО-ДПМНЕ нешто не блокира во рамки на Собрание така што сите сме свесни, можеме да го видиме законот е во собраниска процедура, станува збор за еколошка такса преку која што државата ќе прибере речиси 60 милиони евра кои што ќе бидат инвестирани во еколошки инвестиции, во поздрава животна средина и навистина не гледам зошто би имале тука против ВМРО-ДПМНЕ, вели Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој додава дека тие ги блокираат шесте економски пакети на мерки наменети за Ковид кризата, за граѓаните поддршката, го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар, блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит.

-Така што, не ме зачудува воопшто најавата за блокади на едно такво решение, нека продолжат слободно ВМРО-ДПМНЕ да блокираат и да бојкотираат. Единствено нешто кое што може да го порачам е баш таквиот бојкот и блокади држи и ќе ги држи уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата, рече Костадинов.

Слични содржини