Познатиот германски тенисер Борис Бекер ја критикуваше Гренд слем шампионката, Наоми Осака, за одлуката да го пропушти Вимблдон по Ролан Гарос.
Јапонката реши да не игра во Лондон поради проблеми со депресија. Таа истакна дека не сака да дава изјави за медиумите и дека ќе паузира од тенисот на неопределено време.
„Ако не можете да се справите со медиумите, тешко е да бидете професионалец. Невозможно е на турнејата без печатот. И тешко е да добиете награден фонд или пари од спонзорите без медиуми. Средбите со новинарите не се нешто во што уживаме, но тоа е дел од работата, мора да се справиш со тој предизвик“, вели Бекер.
Осака истакна дека чувствува огромен притисок кога разговара со новинари и дека тоа има исклучително негативно влијание врз нејзината психа.
„Дали е тоа навистина притисок? Зарем не е притисок кога немаш храна на маса? Кога треба да го храниш семејството и немаш работа? Зарем не е поголем притисок? Кога имате повреда која ви го менува животот … Чекајте, зарем тоа не е поголем притисок? Имаш 23 години, здрава си, богата, семејството е добро. Каде е тука проклетиот притисокот?“, остро посочи Бекер.