Мицкоски се сретна со Ејхорст: Зборував за неправдата која е нанесена на македонскиот народ

од Nikola Popovski
219 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека во рамки на посетата на Брисел се сретнал со директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во службата за надворешно-политички работи на ЕУ, Ангелина Ејхорст.

„Кажав дека Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и побарав поддршка за државата, се согласивме дека местото на Македонија е во ЕУ. Зборувавме за неправдата која е нанесена на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава и неможноста да ги почнеме долгоочекуваните преговори со Европската Унија, бидејќи ние како народ и како држава заслужуваме да бидеме дел од европското семејство. Тоа што го добив од другата страна како повратна информација е дека нејзина лична желба, но и желбата на политичарите овде во Брисел е навистина да дадат сè од себе за да му помогнат на македонскиот народ и на македонската нација но, и на Македонија како држава“, потенцира Мицкоски, додавајќи дека е задоволен од тоа што го слушнал.

„Најдоброто за македонскиот народ и држава допрва следува“, објави тој.