Џеј Рамадановски оставил проштално писмо!

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Поминаа шест месеци од смртта на пејачот Џеј Рамадановски, а како што пренесуваат српските медиуми, тој сепак оставил проштално писмо кое неодамна било пронајдено … Тој напишал дека короната навистина му пречи, дека е тажен што луѓето умираат и дека сме затворени, и дека тоа го убивало.

Негови пријател рече дека Џеј чувствувал дека нешто се случува и веројатно затоа напишал писмо во кое изјавил кому му го оставил наследството, како и што го мачи кон крајот на животот.

Како што е наведено, во писмото стои дека тој и оставил наследство на неговата помлада ќерка Марија, бидејќи Ана е згрижена, има сопруг и две деца и знае дека е мирна и сигурна. Како што велат, Џеј бил слаб кон Марија и таа беше со него до самиот крај. Исто така, Џеј наводно напишал дека би сакал Марија да тргне по неговите стапки и да најде искрен дечко кој ќе се грижи за неа, оставајќи и’ сè што има. Тој бил среќен поради семејството што го имал и дека така, среќен, оди на тој свет.

– Сигурен сум дека целата ситуација во која се најдовме го вознемири и ја забрза неговата смрт. Покрај неговото семејство, тој спомена и многу луѓе кои биле со него и на кои им е благодарен. Писмото е многу емотивно. Јас дури и не прашав кој го најде, ми се чини дека го најдоа во станот каде што живееше со Андријана. Знам дека семејството ќе почитува сè што е напишано – рече пријателот на Џеј за „Стар“.

Слични содржини