„Tesla“ се подготвува да се појави на светскиот пазар на електрични автомобили со уште еден адут и со тоа да ги размрда „староседелците“.
Како што Маск веќе објави минатата година, идејата на „Baby-Teslа“ е многу актуелна. Најновите информации велат дека најновиот модел на компанијата ќе се натпреварува со модели како што се Volkswagen ID.3 и Nissan Leaf, но со една значајна предност.
Сè уште безимениот модел ќе биде поевтин од споменатите конкуренти. И не само тоа, моделот со цената ќе се симне уште една скала и ќе се натпреварува со автомобили како Peugeot e-208 и слични.
Тајната на успехот ќе бидат батериите што ќе понудат до 50% пониски трошоци за производство (околу 90 еур / kWh). Во исто време, оваа батерија обезбедува неколку пати поголем капацитет за складирање на енергија и до 16% подолг опсег.
„Autocar“ известува дека најмалата Tesla ќе понуди домет од најмалку 400 км според WLTP, што е повеќе од основната ID.3 што нуди 350. Според Маск, ова е минималниот опсег што ја задоволува Tesla. Врвниот модел, пак, треба да понуди домет од најмалку 566 км, како што нуди Model 3 Long Range.
Судејќи според официјалната скица, новиот модел ќе понуди дизајнерски сличности со Model 3, но со поизразена двоволуменска форма. И сега најдоброто… основната цена на најмалата Tesla треба да биде на ниво од 20.000 фунти, или околу 23.300 евра. Единственото нешто што сè уште не е познато е дали моделот ќе се произведува во Кина или во гигафабриката во Берлин.