МБАПЕ СЕ ИЗВИНИ НА НАЦИЈАТА: „Тагата по поразот е неизмерна, не успеавме да ја оствариме целта“!

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Килијан Мбапе и се извини на цела Франција за промашениот пенал во елиминацијата од Швајцарија на ЕУРО.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен го промаши единствениот пенал во серијата и ја „испрати“ Швајцарија во четвртфиналето.

Швајцарците успеаја да се вратат од два минус гола и да стигнат до 3:3 во самиот финиш, а подоцна и да ги реализираат сите пет пенали.

– Многу е тешко да се сврти нова страница. Тагата по поразот е неизмерна, не успеавме да ја оствариме целта. Се извинувам за пеналот, сакав да помогнам, но не успеав. Ќе ми биде тешко да заспијам, но тоа се ризици кои ги носи спортот – напиша Мбапе на социјалните мрежи.

Тој имаше посебна порака за навивачите.

– Знам дека навивачите се разочарани, но сакам да ви се заблагодарам за поддршката и што верувате во нас. Честитки за Швајцарија – додаде тој.

Швајцарија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија.

Слични содржини