Грaѓаните никогаш нема да згрешат ако гласаат за човек , а не за партија на локалните избори , вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во Студио 10.
На прашањето дали повторно би се кандидирал како градоначалник на Карпош или за прв човек на Град Скопје, Јакимовски кажа дека се ќе зависи од анкетите во кои е запишано и неговото име.
-Има што да понудаме и за градот Скопје и за Републикат засега не може да откриеме, кажа првиот човек на Гром.
Тој напомена дека во општината Карпош додека бил градоначалник се реновирани голем број на улици, градинки…
-Општина Карпош „од пиле млеко“имала, кога дојдов имаше 5 компјутери, јас оставив 150 , имаше две возила ја оставив 15 возила… сето тоа кажува за напредокот во поштината, вели Јакимовски.
Во однос на судските спорови кои се водат против него, Јакимовски рече дека тие се искреирани и предметите кои се чисти како солза.
-Се настојуваше да се направи фама за 80 стана, јас нема ниту еден целта таа приказан се направи како балон кој мораше да се издеше со апсење, вели Јакимовски.