Затвор за поранешен претседател

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума беше осуден на 15 месеци затвор.

Уставниот суд го прогласи за виновен за непочитување на судот, откако се спротивстави на судската наредба за учество во истрага за корупција додека тој беше претседател. Мандатот на Зума, кој заврши во 2018 година, честопати беше на удар на критики за корупција и измама. Бизнисмени се обвинети за соработка со политичари во процесот на донесување одлуки.

Поранешниот претседател се појави на само едно рочиште, а потоа престана да доаѓа, поради што Уставниот суд се вклучи во целиот случај.

Во моментов не е јасно дали Зума сега ќе биде уапсен.

Во посебен случај, Зума минатиот месец се изјасни за невин во врска со обвинувањата за корупција во врска со договорот за оружје вреден 5 милијарди долари во 90-тите.