Учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО во Авганистан заврши.
„Одлуката во далечната 2002 година, да се замине на мисија во Авганистан не беше лесна. Но вашиот успех, да издржите сите овие речиси 20 години, дури и во моменти на наши разочарувања и да ја претставите својата земја во најдобро светло, беше уште поважен. Членството на Северна Македонија во НАТО, навистина е заслуга на сите над 3500-тини припадници во мисиите „Одлучна поддршка” и „ИСАФ”. Вие бевте влезницата на Република Северна Македонија да пристапи кон најмоќната воено-политичка алијанса. Ви благодарам!“, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.