Овие пет совети ќе ви помогнат во вашиот живот да влезе вистинскиот:
Покажете став и искрено мислење
– Не треба да ви биде непријатно ако не размислувате на ист начин како и лицето спроти вас, со тоа ќе забележите побрзо ако имате ист поглед на иднината.
Бидете храбри и свои
– Ако доживеете несоодветни шеги, недискретни прашања или непријатност за време на состанок, дадете до знаење со смиреност и одмерени одговори дека мажот не е пристоен, и вие ќе го посрамотите со вашиот став.
Зборувајте за вашите таленти и работни ангажмани
– Токму со овие теми ќе ги покажете своите вештини, самосвест, независност, а со тоа и ќе ѝ покажете на личноста до вас дека не сте дама за забава и површни врски.
Избегнувајте теми за поранешните избраници
– Искуствата за поранешните љубови можат да одат во погрешен правец, и да разбудат стари рани во вас, што може да остави впечаток дека сте посесивна и лековерна дама, а тоа никој не го сака.
Распрашајте се се за музика, патувања и социјални теми
– Тие ќе ви откријат дали мажот е емпатичен и имагинативен.