Министерството за внатрешни работи соопшти дека мртво тело на возрасен маж било пронајдено во околината на Качанички пат.
„Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот Качанички пат кон Бардовци бил пронајден починат М.А.(56) од с.Бардовци. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираат од полицијата.