Дефект на системите за ладење во Естонија уништи повеќе од 68.000 дози вакцини од компанијата АстраЗенека против Ковид-19, откако температурата во нив се искачила на 15 Целзиусови степени, потврдија денеска здравствените власти.
Алармниот систем на фрижидерите не пријавил дефект што траел повеќе од 12 часа, а бил откриен дури откако вработените забележале дека температурата отстапува од пропишаната, затоа што вакцината на АстраЗенека мора да се чува на температура од 2-8 степени целзиусови, пренесува Ројтерс.
Покрај овие, уништени се најмалку 32.000 дози други вакцини, а сите беа наменети за донации надвор од Естонија, така што програмата за имунизација на земјата нема да биде загрозена, пренесоа државните медиуми, додека украинскиот премиер Денис Шмигаj на 17-ти јуни најави дека Естонија ќе донира 200.000 вакцини против Ковид-19 на неговата земја.
До денес, Естонија вакцинираше 50,4 проценти од возрасната популација со најмалку една доза, што е под европскиот просек од 58,7 проценти.