Ким Јонг Ун: Тежок инцидент со коронавирусот во Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека неколку високи партиски функционери се отпуштени поради „сериозен“ инцидент со коронавирусот што ја загрози јавната безбедност, што ги зголеми шпекулациите дека коронавирусот „ја пробил“ одбраната на земјата.

Ким Јонг Ун на состанокот на владејачката Работничка партија на Кореја обвини високи функционери за занемарување на спроведувањето на одлуката донесена од партијата со цел да се одговори на здравствената криза, ставајќи ги во опасност земјата и нејзините граѓани, објави агенцијата.

Ким обвини високи функционери за недостаток на способност и неодговорност и повика на покренување силна партиска кампања против идеолошки грешки и секакви негативни елементи меѓу партиските кадри.

KCNA не објасни детално за што станува збор.

Северна Кореја досега официјално не објави дека евидентирала каков било случај на инфекција со коронавус, но наводно ги засилила мерките за здравствена заштита пред крајот на 2020 година.

Слични содржини