Меркел разговараше со лидерите на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска разговараше преку видео врска со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија за претстојниот самит на Берлинскиот процес.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт во изјавата рече дека Меркел разговарала со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, а на 28 јуни и со албанскиот премиер Еди Рама.

„Во центарот на овие четири разговори беше подготовката на самитот за Западен Балкан – Берлинскиот процес, што ќе се одржи во видео формат на 5 јули, а домаќин ќе биде германскиот канцелар“, изјави Зајберт, пренесе Танјуг .

Вучиќ рече дека билатералните односи меѓу Србија и Германија се во пораст, а Србија изрази благодарност до германската канцеларка за нејзиниот придонес кон мирот и целосната стабилност во регионот на Западен Балкан.

Тегелтија ја поздрави иницијативата на Берлинскиот процес, изразувајќи надеж дека самитот во Берлин на почетокот на следниот месец ќе биде уште една потврда за посветеноста на регионот и Европската унија кон процесот на проширување, како и пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон унијата.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива започната од Ангела Меркел во 2014 година, со цел поддршка на мирната, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан и промовирање на регионална соработка и европска интеграција во регионот.

Како дел од Берлинскиот процес досега се одржани пет самити: во Берлин (2014), Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).

Слични содржини