КИЛИЈАН МБАПЕ донесе одлука каде да ја продолжи својата кариера, според „Л’Екип“, откривајќи дека напаѓачот на клубот и француската репрезентација нема намера да ја продолжи верноста кон Пари Сен Жермен во овој момент.
Мбапе е обврзан со клубот само уште за следната сезона и веќе подолго време е ставен во контекст на преселба во Реал Мадрид. Тој веќе неколку пати ја одбиваше понудата за продолжување на договорот.
Прашање е, според медиумите, дали шпанскиот клуб веќе може да си дозволи негов трансфер.
Одбивањето на Мбапе на понудата да остане во ПСЖ, продолжува тој, нема да ги принуди челниците на францускиот клуб да ја намалат неговата цена, бидејќи интерес за него покажуваат и богати англиски клубови.
Тоа, се заклучува, е лоша вест за Реал Мадрид, кој не може да се бори со нив ова лето за услугите на 22-годишниот напаѓач на француската репрезентација.