Запленети оружје и муниција во Скопје

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми.

Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење…