Новинар сними руска воена вежба: „Уловени“ воени бродови и авиони (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Aмерикански новинар снимал руски бродови и авијација кои изведуваат воени вежби во Црното Море во исто време кога НАТО спроведува маневрите „Морски ветер“.

Снимката е земена од американскиот разорувач „УС Рос“, кој пловел кон Црното Море за да учествува во вежбите на Алијансата.

На снимките се гледа како рускиот воен брод „Ладни“ и авионите спроведуваат воени маневри.

Претходно Црноморската флота објави дека руската авијација извршила вежби над Црното Море.

Овие вежби се одвиваа паралелно со маневрите што ги спроведуваше НАТО во Црното Море.