Златен ретривер ја гушка секоја личност што ќе ја сретне за време на прошетка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Кучињата се најдобри пријатели на човекот со причина. Тие се полни со љубов, а наклонетоста кон луѓето најчесто се покажува со мавтање со опашките и лижење. Сепак Луби го прави тоа со нежни прегратки.

Овој златен ретривер е сензација на улиците во Њујорк. Кога и да оди на прошетка со неговиот сопственик Цезар Фернандез-Чавез, тој веднаш почнува да се поздравува со странци. Тој ги запира и почнува да се гушка, обвиткувајќи ги предните нозе околу нивните колена.

„Луби почна да го прави тоа сама, таа само сака да се гали. Прошетките со неа се се, освен обични“, изјави Фернандез-Чавез за Додо.

Пред да започне да ги гушка луѓето, Луби сакала да ги држи за раце. Таа традиција започнала на Денот на вљубените во 2014 година, веднаш откако нејзиниот сопственик излегол од долга врска.

„Таа седна и почна да ми ги фаќа рацете со шепите. Се сеќавам дека се шегував со моите пријатели дека барем имав некој со кого би можел да се држам за раце за Денот на вљsубените“, се сеќава Фернандез-Чавез.

Наскоро стана омилена активност на овој златен ретривер и почна да го бара вниманието на странци за време на прошетката. Неколку години подоцна таа почна да покажува љубов со прегратки. Сепак, не ги прегрнува само сите. Понекогаш е многу пребирлива.

„Постојат моменти кога ќе налета на странец и ќе побара прегратка, но главно сака прво да се поврзе со лицето. Кога ќе седне до некого, има големи шанси нешто да се случи“, вели тој.

Слични содржини