Верстапен повторно на пол-позицијата, Хамилтон потфрли во квалификациите

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул го постигна најдоброто квалификациско време пред трката за ГН на Австрија во недела на патеката во Шпилберг, деветтата трка во Светскиот шампионат во Формула 1.

Ова е трета последователна пол-позиција на Верстапен, и четврта оваа сезона.

Британецот Ландо Норис ќе стартува од втората стартна позиција со Мекларен, што е најдобар пласман во квалификациите во неговата кариера. Мексиканецот Серхио Перез заврши трет во Ред Бул, а четврти е актуелниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес.

Актуелниот и седумкратниот светски шампион во Формула 1 во саботата го продолжи договорот со тимот на Мерцедес на две сезони, односно до крајот на 2023 година.

Веста за продолжување на соработката беше објавена во пресрет на квалификациите во саботата за Големата награда на Австрија. Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година и со него има освоено шест титули (2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2020).

Трката е закажана за во недела во 15 часот.

По осум трки оваа сезона, Верстапен води со 156 поени, Хамилтон е втор со 138 поени, додека Перез е трет со 96 поени.

Слични содржини