ЦО на ДОМ: Одлука за граѓанска коалиција за локалните избори

од Берта Китинска
266 прегледи

Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните  локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти.

-Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски.Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен, соопштија од ДОМ.

Слични содржини