ВМРО-ДПМНЕ: Фијаското со вакцинација ги примора македонските граѓани да се вакцинираат надвор од границите на Македонија

од Vladimir Zorba
136 прегледи

„Фијаското со вакцинација ги примора македонските граѓани да се вакцинираат надвор од границите на Македонија. Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За сите во светот вакцината против КОВИД-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат.

Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тој закон ќе биде поддржан од сите пратеници затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не може да се очекува ништо, бидејќи се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини“, се додава во соопштението.