Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари изјави дека Алијансата за Албанците нема став за резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поднесе во Собранието во врска со „црвените линии“ за преговорите со Бугарија.
– Утре или задутре ќе излеземе со конечен став дали ќе ја подржиме таа резолуција, вели Таравари.
Во однос на коалицирањето со други партии на претстојните локални избори и дали тој ќе трча за нов мандат, Таравари вели дека за тоа ќе одлучат партиските тела, но дека има големи шанси тој да биде кандидат на АА за Гостивар.
– Апсолутно ќе имаме коалиции, на локални избори победуваат оние кои имаат најмногу коалиции,со разно разни партии, ќе видиме по структурата на население воопштините, такаи ќе постапуваме. Најверојатно во Гостивар ќе се обидеме да направиме коалиција и со македонска партија, со 2-3 кои функционираат, со турски партии, ромски партии…Ќе се обидеме да соработуваме со сите партии, бидејќи овде не се гласа за партија, туку за личност, вели Таравари.
Посочи дека коалиции се можни со сите партии, вклучувајќи и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.