Пронајдена пандата „бегалка“ од зоолошката градина во Германија

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Среќен крај на голема акција откако исчезнатата млада панда Јанг од зоолошката градина во Дуизбург беше пронајдена и вратена во добра здравствена состојба.

Животното е пронајдено недалеку од оградениот дел за панди, во врвовите на дрвјата што се наоѓаат во областа на зоолошката градина, објавија официјалните лица.

Јанг бил спуштен од пожарна скала и веднаш бил пренесен во ветеринарната клиника за преглед.

Се претпоставува дека животното, кое исчезнало претходниот ден од своето живеалиште, веројатно се искачило преку оградата со помош на „помагала за качување на растенија“, изјавија од зоолошката градина.

Како што беше најавено, станува збор за црвена или помала панда, која е загрозен вид. Причината за тоа е, меѓу другото, сечење дрвја и ловот.

За време на претресот, зоолошката градина во Дуизбург, град на западот на земјата, ги замоли своите жители веднаш да пријават во полиција во случај да видат панда, а ги повикаа луѓето да не се обидуваат сами да ја фаќаат.

Црвените панди, чии тела се долги околу 50 сантиметри, не сметајќи ја опашката и тежат околу пет килограми, се безопасни за луѓето, соопштија од зоолошката градина.