МЕНТАЛНОTO ЗДРАВЈЕ НА ПРИНЦ ЧАРЛС НАРУШЕНО: Престолонаследникот доживеал нервен слом!?

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Принцот Чарлс наводно доживеал нервен слом, а причината е принцот Хари и Меган Маркл. Според National Enquirer, 72-годишниот престолонаследник се обидува на секој начин да задржи насмевка на лицето и да не и покаже на јавноста колку му е тешко.

Наводно, дејствијата на „бегалскиот пар“ имале големо влијание врз неговото ментално здравје. Притисокот бил голем, па изворот за споменатото списание изјавил дека принцот од Велс неодамна бил дијагностициран со депресија.

„Тој едноставно не можеше да се справи со бруталните напади и омразата што Хари и Меган ги ширеа во последните месеци. Тие индиректно го обвинија дека е монструм и ја обвинија неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс никогаш нема да им прости“, рекол изворот и додал дека неговата сопруга Камила веднаш се консултирала со лекарите за да не се влоши неговата состојба.

National Enquirer, исто така, наведува дека Чарлс сега е во процес на лекување и учи како да се справи со гневот што се насобрал и емоциите, па поради горенаведеното, тој го пропуштил состанокот со неговиот помлад син кој помина една недела во својата татковина пред откривањето на споменикот на неговата трагично почината мајка – принцезата Дијана.

Слични содржини