Во изминатата 1,5 година Владата креираше шест пакети мерки за спас на работните места, враќање на парите кај граѓаните, во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, тоа е одлика на одговорна влада, која е сервис на граѓаните, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Тој нагласи дека неодговорно е да не се поддржат мерките, да се кочат законите, да се одолговлекува носењето на мерките, а тоа го видовме од опозицијата повеќе пати во оваа 1,5 година и со нивниот однос кон самата криза и кон начинот на кој сите бореа во една таква криза.
„Да ги кочите и да ги блокирате сите процеси, вклучително и сите закони, кои значат плати за граѓаните, поголеми приходи во овој период, за спас на економијата е повеќе од неодговорно, но граѓаните тоа го кажаа на избори и ќе го кажат повторно на избори“, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.