326
На 04.07.2021 околу 04.00 часот на ул.„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30).
Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.