Не е планирано ново одложување на пописот во септември,вели Апостол Симевски, директор на Државниот завод за статистика во Утрински Брифинг.
-Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки.Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни.Во септември времето е се суште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено.Очекуваме дека и поглем дел од граѓаните ќе бидат вакцинира.Од министерството за здравство семе информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бида вакцинирани, изјави Симевски.