ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел заштита на водоснабдителниот систем континуирано спроведува акции за отстранување на дивите приклучоци.
-Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.
Во последната акција за отстранување на диви приклучоци, спроведена од екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје беа отстранети диви приклучоци во Долна Матка, село Крушопек и Сарај.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, информираат од Водовод.