Поднесена интерпелација за Џафери

од Берта Китинска
439 прегледи

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Една од причините е  тоа што Џафери во обраќањето на Самитот на Европскиот парламентговорел само на албански јазик,

Претседателот на македонскиот парламент пред неколку дена  во Брисел се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Од Владат за „Локално“ пред неколку дена изјавија дека единствениот официјален службен јазик на С.Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик.

– Единствен официјален службен јазик на Северна Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик, што е прецизно утврдено со Уставот.