Тинејџери во Британија фалсификувале ковид тестови, здравствените работници бесни

од Stefanija Kuzmanovska
429 прегледи

Судејќи според новиот „тренд“ меѓу тинејџерите, нема ништо што не би сториле за да избегнат училишна настава. Имено, во Велика Британија откриле рецепт со кој успеваат да лажираат позитивни тестови за коронавирус, а сè споделиле на популарната социјална мрежа ТикТок.

На тестовите ставиле сок од лимон, сос од јаболко, Кока Кола, оцет и средства за дезинфекција на рацете, сето тоа за да се покаже цртичка што укажува на присуство на вирусот.

Властите и здравствените работници во Велика Британија ја нарекоа постапката груба и бараат од родителите да се погрижат за злоупотребата на тестовите. „Сигурни сме дека тоа го прави мала група ученици и дека тестовите најмногу се користат според правилата. Сепак, ги замолуваме родителите да обрнат внимание на овој тренд и им препорачуваме на учениците кои сакаат да експериментираат со хемиски реакции им препорачуваме да ги посетат часовите по хемија на училиште“, изјави генералниот секретар на Здружението на водачи на училишта и факултети Џоф Бартон.

„ТикТок“ исто така се огласи и рече дека прават се за да ги отстранат видеата на профилот @fakecovidtests, пренесува „Индија тудеј“.

Слични содржини