НОВАК ЃОКОВИЌ го победи Чилеанецот Кристијано Гарин со 6:2, 6:4, 6:2 во осминафиналето на Вимблдон. Тој во четвртфиналето ќе игра против Унгарецот Мартон Фукович.
Најдобриот тенисер на светот немаше проблеми на денешниот натпревар, кој се играше на Централниот терен.
Србинот ја имаше поддршката од публиката, па повторно ја коментираше темата.
„Имав поддршка денес, почувствував одлична атмосфера на теренот. Разбирам дека повеќето луѓе сакаат аутсајдер да победи во повеќето случаи. Едноставно треба да го прифатам тоа. Понекогаш останувам љубезен, фокусот го задржувам на себе и на натпреварот. Но понекогаш тоа ми го одвлекува вниманието. Сите сме луѓе. Најважно е да се вратиме после тоа. На некои места имам поголема поддршка, во некои помалку. Исто така зависи од тоа со кого играм, изјави Ноле по мечот.