Ако планирате да купите или посвоите милениче, размислете за овие раси.
Без разлика дали станува збор за мешана раса или чиста раса, кучето може да му биде како „антистрес“ терапија на неговиот сопственик, а некои се особено познати по тоа што делуваат на луѓе како лекови за смирување.
Еве неколку раси кои имаат смирувачки ефект врз луѓето
1. Златен ретривер и лабрадор ретривер
Фактот дека овие раси најчесто се користат за терапевтски цели и како кучиња водичи и трагачи покажува колку смируваат златните ретривери и лабридор ретриверите за луѓето. Екстремно лојални, интелигентни и лесни за обука, ретриверите се најсреќни кога се во друштво и се вистински пример за тврдењето дека кучето е единственото суштество што ве сака повеќе отколку што се сака самиот себе.
2. Мопс
Некои ќе речат дека не е типично слатко куче, но оваа раса ќе ве освои со својот шарм, разиграност, покорност и духовитост. Ова слатко кутре сака внимание и секогаш ќе ви биде верен придружник. Мопсот е многу приврзан за луѓето и верувајте дека покрај себе ќе имате вистински пријател. Кој може да одолее на таа прекрасна стуткана муцка и весела природа – мопсот едноставно ве повикува да се мазите.
3. Кокер Шпаниел
Припадниците на оваа раса обожаваат деца, а познато е дека тие лесно се поврзуваат со деца со ментални и емоционални проблеми. Дури и нивната долга свилена коса може да биде смирувачка. Кокер шпаниелите се лесни за тренирање, тешко се плашат и се крајно подготвени да му угодат на сопственикот. Тие исто така добро толерираат патувања, така што ќе бидат одлични придружници кога ќе одите некаде на одмор, а всушност лесно можете да ги однесете каде било со вас.
4. Јоркширски териер
Според приказната, за време на Втората светска војна, д-р Чарлс Мајо зел со себе Јоркширски териер на обиколка на ранети поморски офицери. „Јорки“ многу позитивно влијаел на војниците и го кренал расположението и станал првото терапевтско куче. Докажано е дека Јоркширскиот териер помага при вознемиреност, благодарение на фактот дека има способност да создаде многу силна врска со луѓето.
5. Дакел
Само да го погледнете овој симпатичен веселко со долго тело и кратки нозе е доволно да донесе насмевка на нашето лице, а неговата природа ќе ве расположи и смири дури и по најтешкиот ден. Дакените ги краси заштитничка природа и голема желба да се гушка, а овие кученца цврсто веруваат дека се еднаков член во нивното човечко семејство.