Драма во Гостивар: Го викнал да се сретнат па го нападнал со тупаници и клоци по главата

од Берта Китинска
219 прегледи

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв. Имено, обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во нас. Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка. Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што татко му се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот. Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со телесни повреди, успеал да избега од самото место.

Слични содржини