НЕОЧЕКУВАН ПАД на нарачките за извоз на германски стоки во мај

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Нарачките за стоки од германско производство неочекувано паднаа во мај, како резултат на послабата побарувачка од надвор од еврозоната и падот на бројот на договори за набавка на капитал и интермедијарни производи, покажуваат денешните официјални податоци.

Според Федералното биро за статистика, Дестатис, нарачките за индустриска стока произведени во Германија се намалиле за 3,7 проценти на месечно ниво во мај, според сезонски прилагодените податоци, пренесува „Ројтерс“.

Тоа е во спротивност со предвидувањата на економистите, кои во истражувањето на британската агенција предвидуваа пораст на нарачките за 1,0 проценти.

Дестатис исто така објави дека ги ревидирал податоците за растот на нарачките за април на 1,2 проценти.

Слични содржини