Антонија Гиговска целосно го смени имиџот, а причината е посебна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
420 прегледи

Младата Антонија Гиговска ги воодушеви фановите со новата песна „Магла“, во која изгледа многу убаво и предизвикувачко.

Оваа песна е исто така најава за нов студиски албум, кој ќе биде објавен до крајот на 2021 година.

Песната е многу модерна, а Антонија вели дека сакала да се претстави во поинакво светло.

– Маглата е дел од албумот „2001“. На него ќе има 12 песни, некои веќе објавени, некои нови. Презадоволна сум од звукот на новата песна, која е љубов на прв поглед, затоа што беше буквално отпеана и почувствувана во еден здив, уште од прва. Се надевам дека публиката ќе го почувствува она што го работам, слободно можам да кажам дека ова е можеби една од песните во која најмногу верувам – вели Антонија.

Спотот е снимен во Скопје, на брод на Вардар, а облеката што ја носи пејачката е порачана од странство.

– Мојата идеја беше да се претставам во поинакво светло. Сакав да покажам и понудам нешто ново, поразлично – вели Гиговска, поранешна ѕвезда на Пинк.

Инаку, музиката и аранжманот ги работеше Лазар Цветковски, а текстот Тајзи.

Спотот го изработи талентираниот режисер Даниел Јовески од Охрид.

Уживајте во новата песна и спот: