Белорусија: 14 години затвор за несудениот претседателски кандидат

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Виктор Бабарико, несудениот белоруски претседателски кандидат, беше осуден на 14 години затвор под обвинение за корупција без право на жалба.

Бабарико беше прогласен за виновен за примање мито и перење пари, а белорускиот Врховен суд го осуди на 14 години затвор и парична казна во износ од приближно 57 000 американски долари со пресуда на која нема право на жалба, пренесе АП.

За обвинувањата против поранешниот шеф на банката „Белгазпром“, неговите бранители претходно изјавија дека се измислени со цел да го спречат да биде кандидат на претседателските избори минатиот август.

Бабарико, главниот противник на Александар Лукашенко на минатогодишните претседателски избори, беше притворен за перење пари и „извлекување“ 430 милиони долари на сметки во Летонија во текот на неколку години.

Државното обвинителство во Белорусија побара од судот да му изрече казна затвор во траење од 15 години за поранешниот банкар, кој беше уапсен минатата година откако се кандидираше против претседателот Александар Лукашенко на претседателските избори.

Слични содржини