Михаиловски: 40.000 активни студенти на почетокот на секој месец ќе добиваат 2.400 денари за субвенционирани оброци

од Vladimir Zorba
264 прегледи

„Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост. По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк“, изјави денеска Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

„Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе изврши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците“, истакна тој.

Слични содржини