Маж нападнат кај фонтана во Градскиот парк

од Берта Китинска
325 прегледи Градски парк

На 05.07.2021 во 23.10 часот во СВР Скопје, Р.К.(35) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во близина на фонтана во Градскиот парк Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од Г.К.(41), Д.С.(44) и М.А.(18), сите од Скопје.

По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.