Студија: Кој може да биде заштитен од делта сојот на коронавирус?

од Nikola Popovski
176 прегледи

Новите соеви на коронавирус уште еднаш покажаа колку е непредвидлив вирусот САРС-КоВ-2. Делта сојот (Б.1.617.2) се смета за вид на загриженост, пред се заради неговото брзо ширење.

Додека многу земји ги олеснуваат ограничувачките мерки, научниците и медицинскиот персонал продолжуваат со истражувањето на Ковид-19 со цел да се обидат да спречат нов бран, пренесува Times of India.

Делта сојот го носи генетскиот код на другите мутации, E484Q и L452R, што му го олеснува упадот во имунолошкиот систем на човекот и ги напаѓа органите. Бидејќи новите варијанти имаат тенденција да ја менуваат структурата на спајк протеините, тие се врзуваат поефикасно со клетките домаќини на човекот и брзо се размножуваат, правејќи поголема штета од оригиналниот вид на коронавирус.

Луѓето кои не биле вакцинирани, како и оние кои не биле целосно вакцинирани и луѓето со веќе постоечки коморбидитети се изложени на поголем ризик од заразување со делта сојот. Од друга страна, новото истражување покажа дека луѓето кои примиле една или двете дози на вакцина имаат максимална заштита од делта сојот. Се разбира, тоа не значи дека претпазливост не треба да постои.

Истражувачите го проучувале имунолошкиот одговор на пет категории на луѓе: оние кои биле вакцинирани со единечна доза, оние кои ги примиле и двете дози на вакцината, оние кои прелажале Ковид-19 и биле вакцинирани со единечна доза, оние кои прелажале Ковид -19 и ги примиле двете дози на вакцината и оние кои биле целосно вакцинирани, но се заразиле во одреден момент.

Според студијата, оние кои биле вакцинирани, а потоа заразени и оние кои го прележале вирусот и примиле една или обете дози на вакцината имале релативно поголема заштита од делта сојот отколку оние кои никогаш не биле заразени, но биле целосно вакцинирани.

„Вакцинацијата резултира во полесна форма на болеста, доколку инфекцијата се појави последователно, што укажува на тоа дека и хуморалниот и клеточниот имунолошки одговор реагираат важна улога во заштитата“, се вели во студијата.

Колку се ефикасни вакцините?

Студијата наведува дека достапните вакцини против коронавирус покажале ефикасност од 51 до 94 проценти наспроти оригиналниот вид.

Досегашните податоци покажуваат дека природниот имунитет што се стекнува со ширење на болеста може да се зајакне со само една доза на вакцина, што значително би помогнало во заштита од делта сојот.

„Податоците покажуваат дека ако некое лице се зарази по вакцинирањето, тие ќе бидат заштитени од тешка форма на болеста“, се наведува во студијата.

Слични содржини