Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ќе присуствува на комеморацијата во Сребреница на 11 јули, објавија сараевските медиуми.
Според порталот „Фактор“, Ѓукановиќ ќе дојде во Поточари да им оддаде почит на жртвите на геноцидот, а други активности поврзани со неговата посета не се планирани.
Претседателот на Црна Гора, исто така учествуваше во комеморацијата на жртвите од Сребреница претходните години, објави РТЦГ.
Освен Ѓукановиќ, на комеморацијата на 11 јули ќе присуствува и вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и министерот за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ.
Покрај оддавањето почит на жртвите на Сребреница, Абазовиќ ќе одржи состаноци во Босна и Херцеговина со тамошните власти, вклучувајќи ги и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.