198
Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија се осврна и на поднесената интерпелација на Талат Џафери.
„Талат Џафери се однесува како командант на Собранието“, појасни Силјановска Давкова.
Таа посочи дека во македонскиот Устав во амандманот 5 не пишува дека англискиот јазик е службен јазик во меѓународните односи на Македонија, туку пишува дека е македонскиот јазик.
„Во услови кога и нас ни го оспоруваат македонскиот јазик, зошто да не го почитувате македонскиот Устав“, запраша Силјановска Давкова.