244
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави денеска, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека тој недвосмислено ја поддржува Србија и нејзиното членство во ЕУ, бидејќи целиот Западен Балкан стои зад Србија.
– Додека Србија не се интегрира, Западен Балкан нема да биде интегриран. Србија е клучна земја и ЕУ треба да го сфати тоа – нагласи Орбан.
Тој вели дека ако зборува на јазикот на броевите, интересот на ЕУ за членство на Србија е многу поголем од интересот на Србија.
Клучот и стабилноста на регионот е Србија, рече премиерот на Унгарија.