Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денес оставри средба со ппоранешниот генерал на САД и командант на здружените сили на НАТО за Европа Весли Кларк.
„Нашите пријатели и сојузници во САД отсекогаш биле силата што не поддржувала во најтешките времиња. Дури во најдобрите моменти на нашиот народ “, рече Ахмети за време на состанокот со генералот Кларк.
Поранешниот врховен командант на НАТО на средбата потенцираше дека Ахмети има легендарна улога во градњењ на оваа држава.
– Вие имавте легендарна улога во градењето на оваа држава, вие господине Ахмети сте вистинска легенда.Изградивте партија што се претвора во ’рбет на стабилноста на земјата. Фасцинантна трансформација за оваа земја која можеше да заврши со нестабилност, стана моќна држава на стабилноста, рекол Кларк на средбата со Ахмети, соопштуваат од ДУИ.
Кларк денеска е во посета на Скопје, каде што имаше средби и со премиерот Зоран Заев и со првиот вицепремиер Артан Груби.
Како што соопштија од кабинетот на Заев, на средбата со Кларк се разговарало за „новата реалност“ за Северна Македонија и за регионот, откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО.