Милошоски: Поднесена е Предлог – резолуцијата, очекуваме да биде ставена на пленарна седница

од Берта Китинска
148 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат, информираше денеска пратеникот Антонио Милошовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа Предлог-резолуција во онаа форма во која што веќе беше споделена со сите пратеници е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека оваа Предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество, вели Милошовски.

Тој упати апел до согласно Деловникот секој пратеник да има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложена.

-Јас ги повикувам пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште од денес можат слободно да го стават својот потпис и да се придружат на оваа Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции, за да не дозволиме блокадите и националните понижувања да ни станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.

Се надевам дека пратениците и партиите кои што декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница за да можеме да се изјасниме, очекувајќи дека ќе имаме широк политички консензус, вели Милошовски.

Слични содржини