Џенифер Лопез „грми“ во металик бикини на базен (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
312 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез знае дека изгледа совршено во бикини дури и на 52 години, па на Инстаграм објави дури шест свои фотографии на кои позира во гламурозен металик модел.

Од нив, таа состави една голема фотографија со нејзиниот славен задник во преден план, и која за малку ќе го „урнеше“ интернетот, при штп собра милиони лајкови.

Лопез ги објави фотографиите како најава за спотот за песната „Камбија Ел Пасо“, кој го сними со реге музичарот Рау Алехандро и чија премиера ќе биде во петок.

Таа сподели уште неколку свои фотографии од снимањето каде исто така носи исто бикини.

Фановите не штедеа на комплименти, а многумина забележаа дека таа особено блеска откако се врати на старата љубов, актерот Бен Афлек.

Да потсетиме, двајцата беа во врска за првпат од 2002 до 2004 година, а потоа и беа верени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Едно време, тие беа еден од најпознатите парови и го стекнаа заедничкиот прекар „Бенифер“, а веста за нивното раскинување ги шокираше обожавателите. Но, кратко време откако Лопез раскина со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез, се дозна дека решила да му даде уште една шанса на Афлек и оттогаш не се одделува од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Слични содржини