Кујперс ќе го суди финалето на Евро 2020

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Бјорн Кујперс е избран за главен судија на последниот натпревар на Евро 2020 меѓу Италија и Англија, што ќе се одигра во недела на стадионот „Вембли“.

Како помошници на Холанѓанецот ќе му се придружат сонародниците Сандер ван Рокел и Ервин Зеинстра, додека четврти судија ќе биде Шпанецот Карлос Дел Черо Гранде.

Кујперс досега судеше на три натпревари на овогодинешното Евро. Победа на Белгија над Данска (2-1), натпревар помеѓу Шпанија и Словачка, во кој „црвената фурија“ го декласираше противникот (5-0) и победа на Данска во четвртфиналето против Чешка (2-1).

Слични содржини