Џафери: Не го прекршив Уставот, тоа не е стакло да се скрши

од Берта Китинска
282 прегледи

„Бев во Собранието, не сте сакале да ме видите, јас не се криев“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „24 анализа“, на прашањето зошто не давал никаква изјава по повод неговото обраќање на албански јазик во Брисел.

Тој прашува со што го прекршил Уставот.

„Што ќе беше ако се обратев на друг јазик. Не го прекршив Уставот. Тоа не е стакло да се скрши, хартија е. Не бев надвор од уставните норми. Прво, најдобро е да си го знам мајчиниот јазик, а соодветно си го знам и службениот, односно книжевниот македонски јазик“, истакна Џафери, додавајќи дека тоа е вродено, природно право, што го користел.

„Тоа не може никој да ми го попречи. Јас го почитувам целосно законот. Да се извинам за употребата на мојот мајчин јазик?“, прашува спикерот.

Тој напомена дека Уставот е флексибилен.

„ Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата.“ – рече Џафери.

Рече дека во Европскиот параламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а после друго е документите официјални на кои јазици ќе се објават. Во врска со интерпалацијата вели дека се уште не ја примил, зошто е дадена на превод во службите и не е влезена во процедура.

„Кога ќе ја видам, ќе одговорам и ќе се изјаснам во процедурата.“ – рече Џафери.

Слични содржини