Филипче да не седи со вкрстени раце и да ги усвои мерките против делта сојот на ковид-19, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Делта сојот на ковид-19 вирусот е веќе присутен во Македонија, сите држави воведуваат поригорозни контроли, само владата на СДСМ кај нас се однесува ноншалантно. Наместо да го преспијат летото и да се разбудат во хаотична и пеколна есен со многу заболени и голем број на смртни случаи, време е за мерки кои ќе го контролираат влезот во државата и ќе го ограничат просторот за ширење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага следните мерки:
- Професионализација на Комисијата за заразни болести;
- Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;
- Зголемување на контролата на границите;
- Достапност на тестирање за Ковид-19;
- Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;
- Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;
- Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;
- Мапирање на здравствениот персонал;
- План за пациентите со останати дијагнози;
- Мапирање на здравствените капацитети;
- Одредување на болници посветени за Ковид-19;
- Мапирање на постоечката функционална апаратура;
- Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;
- Достапност на лична заштитна опрема ;
- Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;