Тренерот кој се обидува да направи револуција во фудбалот со формација 2-7-2 има нов клуб

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Поранешниот фудбалер, 38-годишниот Тијаго Мота е нов тренер на италијанскиот прволигаш Специја, објави клубот на својата веб-страница во четвртокот.

Поранешниот играч за врска на ПСЖ седна на клупата на професионалниот клуб по краткото искуство во Џенова во 2019 година, каде набргу по неговото пристигнување доби отказ.

„Многу сум среќен што сум тука и горд сум на довербата што клубот ми ја укажа“, рече бразилецот Мота, ветувајќи дека ќе го дава својот максимум секој ден.

Мота на клупата на Специја го замени Винченцо Италијана, кој замина во Фиорентина. Специја ја заврши својата прва сезона во Серија А на 15-то место.

Вниманието на медиумите Мота во тоа време го привлече во интервју за „Газета дело Спорт“ во 2020 година во кое тој рече дека со бизарна формација 2-7-2 сака да направи револуција во фудбалот.

„Идејата е моите тимови да играат напаѓачки фудбал. Сакам да ја контролирам играта со висок притисок и многу движење со и без топка. Сакам секој играч што има топка да има три или четири решенија во секое време и барем двајца соиграчи во близина да му помогнат. Не сакам броеви на теренот затоа што тие знаат да измамат. Може да бидете супер офанзивни со 5-3-2 и дефанзивни со 4-3-3. Бројките може да бидат погрешни. Ова се само лажни конструкции. Ова не е фудбалче на маса, па играчите се фиксирани на едно место. Тие продолжуваат да се движат. Сето тоа зависи од квалитетот на тимот што го имате. Сакам играчи кои можат да играат подеднакво добро во одбрана и напад. Но, тоа не значи дека не сакам играчи како Самуел или Киелини, родени стопери. Со моите момци сакав дасе обидеменешто ново. Минатата недела, одигравме натпревар каде што излеговме со формација 2-7-2. Голманот е меѓу овие седум играчи во средниот ред. За мене напаѓачот е првиот дефанзивен играч, а голманот прв напаѓач. Голманот е тој што ја започнува играта напред, а напаѓачите се првата линија на одбранбен притисок врз противникот “, рече тогаш Мота.

Слични содржини