Северна Кореја ги одби вакцините АстраЗенека

од Nikola Popovski
257 прегледи

Северна Кореја ги одби планираните пратки вакцини од компанијата „АстраЗенека“, кои беа организирани како дел од глобалната програма КОВАКС, поради загриженост за несакани ефекти, соопшти денеска јужнокорејска невладина организација.

КОВАКС наведе дека ќе ѝ обезбеди на Северна Кореја скоро два милиони дози вакцини АстраЗенека, објави Ројтерс.

Првата пратка со вакцини се очекуваше кон крајот на мај, но беше одложена поради долгите консултации, соопшти Јужна Кореја минатиот месец.

Според извештајот на Институтот за стратегија за национална безбедност (ИНС), кој е поврзан со јужнокорејската разузнавачка агенција, Пјонгјанг сега разгледува и други опции поврзани со вакцините.

Слични содржини